среда, 24. новембар 2021.

ПОЖАРАНЕ - ТАМУ НАЈГОРЕ....

 

ПОЖАРАНЕ - ТАМУ НАЈГОРЕ....

 

Родното село е  она место кое секогаш го чувствуваш некаде длабоко во себе. Зазема посебно место скриено некаде длабоко во нашето тело и душа.Најчесто го ставаме веднаш под срцето и молчи. Се храни со чукањето на срцето и на тој начин се одржува во живот. 

Родното село не може да ни исчезне ниту од главата, ниту од нашите мисли, бидејќи тоа не е нешто минливо и неважно за нас.

Родното село не се купува, не се позајмува. Го добиваме при раѓање, како што ги добивме родителите: татко и мајка, така и родното село ни е одредено и е само наше. Тоа е толку туѓо, колку што е наше, и толку само наше, колку што е туѓо. Го носиме со себе како слика на сакана личност. Тоа е дел од нас.

И кога ќе отидеме некаде далеку, и кога ќе не допрат и потресат сите убавини на овој свет, се враќаме во родното село, нашиот прв опиплив дом. Зашто, не сме пораснае таму каде што некој решил да клечи додека се моли, каде што истокот се дели од западот... Знаеме дека родното село ни се има заколнато на верност, чест и углед, и тоа секогаш ќе го негуваме и секогаш тука ќе доаѓаме.

И, колку и да бегаме од родното село, само ќе бегаме од себе. Да не се обидуваме да трчаме! Не е тоа поентата. Треба да се гордееме со своето село како нешто посебно, нешто што не дефинира поинаку од другите.

И кога ќе завршиме со овој земен живот, нашата душа нема да се стреми кон тој далечен свет. Ќе не врати на местото каде што го започнавме патувањето, во нашаето родно село.

И знаете, нашето село е токму она право место. Овде го дишевме првиот воздух, ја испуштивме првата солза, ги набравме првите цветови од градината, се замивме во неговата вода. Првпат поминавме по неговите патеки, овде ги кажавме првите зборови, за прв пат нашите мајки не седнаа во скутот и за прв пат се прекрстивме во црква, си го осветливме лицето од смеја...

Зошто да бегаме од тука? 

Ова е нашата лулка со која треба да се гордеете и чие име треба да го славиме. 

Името на моето родно село е ПОЖАРАНЕ.

--------------------

Боге Војноски-авор на текстот

ПОЖАРАНЕ - ТАМУ НАЈГОРЕ....

  ПОЖАРАНЕ - ТАМУ НАЈГОРЕ ....   Родното село е   она место кое секогаш го чувствуваш некаде длабоко во себе. Зазема посебно место скр...